SVROhrid

Охриѓанец останал и без пари и без куќа во Германија

Охрид, 11. септември 2018 (ИНПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.С (43) од струшкото село Лабуништа поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Пријавениот го извршил делото на 16-ти ноември 2017 година при средба со С.Ј (52) од Охрид со привремено престојувалиште во Германија.

Пријавениот го довел во заблуда оштетениот, ветувајќи му дека може да му изгради куќа во Германија. Притоа, со писмена изјава, тој примил 5.000 евра капар, а по извесно време и дополнителна сума на пари. Минатиот месец, кога оштетениот се вратил во Охрид се обидел да се сретне со сега пријавениот, по што сфатил дека е измамен.

Со извршувањето на делото, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 1.230.000 денари. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest