tanzanija-parlament

Пратеничките во Танзанија не смеат да влезат во парламентот со вештачки нокти и трепки

Додома, 12. септември 2018 (ИНПРЕС) – На жените пратенички во Танзанија им е забранет влез во парламентот со вештачки нокти и трепки, објави Би-би-си.

Забраната е воведена од страна на претседателот на парламентот, Јоб Ндугаи, откако заменик-министерот за здравство изразил загриженост во врска со ризиците што вештачките нокти и трепки би можеле да ги имаат по здравјето. Забраната ќе важи и за посетителите во парламентот.

Покрај тоа, на жените пратенички во Танзанија им е забрането да носат кратки здолништа и фармерки кога влегуваат во зградата на највисокото законодавно тело. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest