policija-8

Кривична за охриѓанец поради кражба на кабел во охридската касарна

Охрид, 12. септември 2018 (ИНПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „тешка кражба“ и „уништување или оштетување јавни инсталации“, СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 47-годишниот С.Ј. од Охрид.

– Пријавениот, казненото дело го сторил на осми август оваа година околу 23:00 часот во кругот на поранешната касарна „Михајло Апостолски“ на улицата „Кленоец“ во Охрид. Тој, со цел да се стекне со противправна имотна корист, влегол во кругот на касарната, ја отворил подземната шахта, а потоа пресекол и одзел 15 метри кабел наменет за обезбедување на услуги-телевизија, телефонија и интернет сопственост на „Македонски Телеком“, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest