vmroohridlogo

ВМРО-ДПМНЕ: Да не се попречува остварувањето на бесплатен превоз за учениците

Охрид, 12. септември 2018 (ИНПРЕС) – Локалната самоуправа предводена од градоначалникот Јован Стојаноски воопшто не се грижи за учениците. Градоначалникот Стојаноски многу добро знае за својата грешка и избегнува одговорност. Наместо да признаете и се извинете на учениците и родителите го избегнувате одговорот, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ по денешниот допис до медиумите од општина Охрид.

– Ви порачуваме да се консултирате со вашата служба за односи со јавност и да заземете ист став бидејќи претходно ја признаа вината. Добро би било штом веќе знаете за тие измени во Собранието да не го попречувате остварувањето на бесплатен превоз за учениците. Прашуваме што ќе се случи таму каде што нема јавен меѓуопштински линиски превоз? Како учениците од ОУ „Св. Климент Охридски“ ќе одат на училиште, знаејќи дека одат пешки иако се одалечени нивните домови повеќе од 2 километри? Дали мерката за укинување на училишниот превоз ќе доведе до отпишување на учениците, а со тоа намалување и укинување на дел од паралелките во средните училишта, прашуваат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest