zavodindsops

Средба со стопанствениците за важноста на заштитата на правата од индустриската сопственост

Охрид, 13. септември 2018 (ИНПРЕС) – Во организација на Државниот завод за индустриска сопственост, во големата сала на општина Охрид, денес со почеток во 11:00 часот ќе се одржи средба со стопанствениците од регионот на Охрид и Струга.

– Со организирањето на вакви средби стопанствениците имаат можност директно да се запознаат со важноста на заштитата на правата од индустриската сопственост и постапките кои се спроведуваат преку Државниот завод за индустриска сопственост. Македонските граѓани се иновативни во однос на земјите од регионот и Европа, со кои има приближен број на население. Според официјалните податоци,бројот на пријавите за патенти на национално ниво, секоја година расте и споредено со државите од регионот е на задоволително ниво. Сепак, домашните иноватори, поради скапите постапки, сеуште се далеку од меѓународна заштита на нивните пронајдоци, порачуваат организаторите.

Основната смисла на заштитата на индустриската сопственост е поттикнувањето на техничко-технолошкиот дух и воопшто на стопанскиот развој, но и уредување на конкурентните односи меѓу правните субјекти втемелени на општестено-моралните и развојно прифатливи критериуми. Во тој процес, се обезбедува правна заштита на креативниот дух и развој на сите области во економскиот развој. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest