Fifa-4

ФИФА ќе го ограничи бројот на изнајмени играчи

Цирих, 13. септември 2018 (ИНПРЕС) –Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА) размислува да наметне ограничување на бројот на изнајмени играчи.

Според весникот „Спорт Билд“ ФИФА сака да воведе квота на изнајмени најмногу до осум, со забелешка не повеќе од четири – во истиот клуб.

Исклучок можат да бидат талентирани играчи на возраст под 21 година кои потпишале долгорочен договор со клубот.Tаквите играчи можат да продолжат да се изнајмуваат во неограничен број со цел понатамошен нивни развој.

Ако ова ограничување стапи на сила, пред се ќе влијае на лондонскиот Челзи и на Јувентус од Торино, кои досега изнајмиле 40, односно 26 фудбалери. (Крај)

извор: Плусинфо фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest