Florensuragan

Ураганот Флоренс и натаму опасен

Вашингтон, 13. септември 2018 (ИНПРЕС) – Ураганот Флоренс кој пристигнува на источниот брег на САД, минал во втора категорија со послаби ветрови, соопшти американскиот Национален центар за следење урагани.

„Ветровите се ослабени до 205 километри на час, но ударите и натаму се силни“, соопшти Центарот. Претходно, американските власти наредија евакуација на населението во државите каде што се очекува доаѓањето на ураганот.

Вонредна состојба е прогласена во Вирџинија, Северна и Јужна Каролина и Мериленд. (Крај)

извор: РСЕ фото: NASA

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest