27-april-Sobranie

Судењето за 27 април продолжи со сослушување на сведокот Ибраими

Скопје, 13. септември 2018 (ИНПРЕС) – Судскиот процес за случувањата во Собранието на Република Македонија на 27 април минатата година, продолжи денеска со сослушување на сведокот Енес Ибраими.

Во Кривичниот суд се присутни сите сведоци повикани за денешното рочиште. За денеска е закажано сведочење на Хари Локвенец, Петар Атанасов, Енес Ибраими и Катерина Кузмановска.

Претседател на судечки совет е судијката Добрила Кацарска. Јавното обвинителство го застапува Вилма Рускоска.

На минатото рочиште сведочеа поранешниот пратеник Никола Тодоров, пратеникот Весел Мемеди, премиерот Зоран Заев и министерот Оливер Спасовски.

Обвинетите во случајот за настаните од 27 април се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок. Тие пред судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.

На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски. (Крај)

извор: Слободен печат фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest