skupstina_kosova

Косовската опозиција не поддржува корекција на границите

Приштина, 13. септември 2018 (ИНПРЕС) – Опозициските партии во косовското собрание упатија до високата претставничка на Европската Унија, Федерика Могерини писмо во кое се противат на корекцијата на границите, објави агенцијата Макфакс.

Во писмото што го испратија Демократскиот сојуз на Косово, движењето Самоопределување, Социјалдемократската партија и Алтернатива, се бара финалниот дел од дијалогот со Србија да се заснова на јасни принципи и јасна рамка.

„Одговорност на косовското собрание е да усвои платформа за дијалог со двотретинско мнозинство, за да се обезбеди легитимитет на процесот. Секој друг начин е предодреден на неуспех“, се наведува во писмото упатено до Могерини. (Крај)

извор: Тера фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest