avion-opsta

Кинезите подготвуваат бум на небото

Пекинг, 13. септември 2018 (ИНПРЕС) – Кинеските авио-компании ќе купат 7.690 авиони во вредност од 1.200 милијарди долари во наредните две децении. На тој начин сакаат да држат чекор со растечката потрошувачка и деловна побарувачка за авио превоз, проценува Боинг.

Најновата проеција на американскиот производител на авиони за периодот до 2037 година е поголема за 6,2 отсто од прогнозата од минатата година, кога Боинг очекуваше кинеските компании до 2036 година да купат 7.240 авиони, пренесува Ројтерс.

Боинг и неговиот евопски ривал Ербас се борат за зголемување на пазарниот удел во Кина, најбрзорастечкиот пазар на авиони, поради што  двете компании отворија производствени погони во оваа земја.

Американската компанија исто така прогнозира дека до 2037 година на Кина ќе и припадне 18 отсто од светската флота на комерцијални авиони, шти е повеќе од моменталните 15 отсто. (Крај)

извор: Вечер фото: архива

 

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest