Spiewe

Во Јапонија можете да спиете на работа, но постојат правила за тоа

Токио, 13. септември 2018 (ИНПРЕС) – Ако сакате работа од соништата, можете да размислите за преселба во Јапонија бидејќи токму таму спиењето на работа е сосем прифатливо.

Јапонците го имаат дури и терминот инемури, што значи присутен додека спие, пишува „Дејли мејл“.

Оваа практика беше делумно воведена поради долгите работни часови во Јапонија и фактот што луѓето во оваа земја спијат во просек само шест часа.

Меѓутоа, за инемури важат одредени правила. Ако сте нови во компанијата и сакате да покажете колку вредите, не смеете да спиете. Меѓутоа, ако имате 40 или 50 години, можете слободно да спиете. Колку повисоко сте на општествена скала, толку повеќе ви е дозволено да спиете на работа, вели д-р Бриџит Стигер, кој специјализира за јапонската култура.

Дури и кога на човекот му е дозволено да дреме на работното место, правилата на инемури бараат работниците да бидат способни да се вклучат во секој разговор секогаш кога тоа е потребно и тоа во истиот момент. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest