zaev-od-evropski-parlament

Македонија е на некој начин Европа во мало, рече премиерот Заев

Стразбур, 13. септември 2018 (ИНПРЕС) – Премиерот Зоран Заев денеска се обрати пред пратениците во Европскиот парламент. Тој се заблагодари на поддршката што ја добива Македонија и порача дека граѓаните на Македонија се одлучиле за европска иднина

„Гражаните на Македонија својата иднина ја гледаат како дел од ЕУ. Нашите луѓе работеа многу напорно да ги остварат своите сништа. Да, направивме напредок, но не е доволно. Знам дека можеме да направиме подобро. Ние се бориме да не бидеме изолирани од остатокот од светот. Се уште се соочуваме со проблеми, но никогаш не ги изгубивме нашите визии. Нема да се откажеме сега“, рече Заев.

Како што порача премиерот, челнството во НАТО и ЕУ ќе донесе голема стабилност во Македонија и економски раст во државата.

„Приклучувањето кон ова семејство е стабилност за сите нас. Ве уверувам дека правиме се да ги постигнеме стандардите на ЕУ. Ни претстои уште долг пат, но вашето добредоје ни дава поттик. Силната верба во нашата европска иднина е клучниот мотив за Договорите со Грција и Бугарија. Ние сме европа во мало, обединети во различностите. Нашите граѓани го направија изборот се определија за европска иднина. Да се тргнеме напред кон иднината. За Република Македонија тоа е можност која долго ја чекавме“, додаде Заев. (Крај)

извор: Фокус фото: Фокус

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest