tribina-nato-eu-2

Јавна дискусија во Охрид за пристапот на Република Македонија во ЕУ и НАТО

Охрид, 13. септември 2018 (ИНПРЕС) – Во големата општинска сала вечерва се одржа јавна дискусија за пристапот на Република Македонија кон Европската унија и НАТО алијансата.

Пред присутните граѓани, граѓански здруженија, луѓе од различни професии, со различна етничка припадност се обрати пратеничката во македонското собрание од Охрид, Жаклина Лазаревска. Таа потенцира дека членството во НАТО и ЕУ ќе овозможи нови инвестиции кои ќе придонесат за отворање на нови работни места, со што ќе се запре трендот на иселување на младите.

tribina nato eu– Како претставник на граѓаните, пратеник кој се грижи за сите граѓани сметам дека ние како охриѓани најдобро знаеме што значи да се биде отворен кон светот. Охрид заслужува многу повеќе и ќе ми причинува задоволство ако ние бидеме сведоци на многу проекти, конкретно и за градот Охрид. Договорот го гарантира правото на Македонците да се определуваат како Македонци. Денес бевме сведоци дека нашиот премиер се обрати во Европскиот Парламент и тоа за првпат на македонски јазик, рече Лазаревска.

Lazareska i MemedСо влезот во ЕУ, Македонија ќе добие европско здравство, европско судство и ќе застанеме рамо до рамо, рамноправни со најсилните земји на светот.

Таа потенцира дека граѓанска должност е да се учествува во градењето на македонската иднина преку гласање на референдумот на 30-ти септември.

Во името на младите и невладиниот сектор се обрати Вахид Мемед, кој потсети дека досега Европската унија има инвестирано 8.8 милијарди евра во младинската гаранција за вработување млади. Со нашето членство ќе запре иселувањето на младите, способни и едуцирани кадри од нашиот град и од државата. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest