zdravstvendom1

Презентиран основниот проект за нов современ здравствен дом во Охрид

Охрид, 13. септември 2018 (ИНПРЕС) – Презентиран основниот проект со сите фази за изградба на нов современ здравствен дом во Охрид.

Изминативе неколку месеци се одвивале интензивни договори меѓу министерот за здравство Венко Филипче и градоначалникот Јован Стојаноски, што резултира со основен проект за нешто што долги години беше ветувано за градот.

Изработувачи на проектот се професорите Зорица Блажевска и Саша Тасиќ, од Архитектонски факултет од Скопје.

Домот треба да биде сместен во рамките на Општата болница Охрид. Проектирање на ваков објект е сложена затоа што има голем број на служби кои треба добро да се сместени, да имаат диференцирани пристапи и автономност на сите функционални групи, потенцира професорката Блажевска за време на презентацијата.

zdravstvendom2– Објектот е составен од две блоковски структури, приземје и кат и приземје и два ката, од каде што излегува мала административна кула. Во новиот современ здравствен дом ќе бидат сместени службата за итна медицинска помош, педијатри, примање инфузии, лабораторија, диспанзер за деца од предшколска и школска возраст, трудова медицина, служба за рендген, патронажна служба, како и концесионери стоматолози и детска стоматологија. Блоковските  структури имаат средишно поставени атриуми со цел сите содржини во објектот да се природно вентилирани и осветлени. Двата објекти се поврзани хоризонтално со коридор, а вертикалната комуникација е со скали и лифт, истакна Блажевска.

Министерот за здравство, Венко Филипче потенцира дека целта на новиот здравствен дом е пациентот да добие интергрирана услуга, односно сé да биде на едно место. Проблеми во овој сектор има многу, со недостиг на кадар, доктори, медицинкси сестри, огромни долгови, заглавени инвестиции, судски спорови и друго. Па, сакаат како министерство преку дебати да слушнат од граѓаните какви се потребите за да се најде идеалното решение.

filipce zdravstven dom– Планот со новиот здравствен дом е нова форма која сакаме да ја имплементираме, а тоа е да дислоцираме амбуланта од едно на друго место бидејќи старата е нефункционална несоодветна. Болниците во Охрид се одлични регионални центри. Кардиолошкиот завод е врвна болница која дава врвни услуги за оваа специјалност на целиот регион од Кичево, па до Прилеп. Тоа е нешто што вреди, ќе го зачуваме и дополнително ќе го надградиме. Во болницата „Св. Еразмо“ во моментов има административни проблеми со изведувачот, но се обидуваме да ги надминеме, да продолжи градбата и тоа ќе биде една од најмодерните болници во државава по сите европски и светски стандарди, подвлече Филипче.

Охрид ќе биде не само регионален туку и национален центар заради тоа што ќе се инвестира во опрема, има добри стручњаци, а болниците ќе се оспособат да им служат на пациенти од цела држава.

zdravstvendom3Министерот истакна дека Охрид заслужува да има нов, модерен и современ здравствен дом и се планира во следната буџетска година, во 2019-та, да се инвестира во негова изградба. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest