bel-demon-roman

Промоција на романот „Бел демон“ од Славко Илоски

Охрид, 14. септември 2018 (ИНПРЕС) – Во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“ денеска ќе биде промовиран романот „Бел демон“ од Славко Илоски од Струга.

Според промоторот – писателот Тоде Илиески, се работи за успешна дебитантска објава на Илоски од жанрот – хорор, ретко застапен на овие простори. Романот „Бел демон“ е приказна за темната страна на животот и за лавиринтот од кој тешко се излегува.

Промоцијата ќе се одржи во „Прличевата одаја“ со почеток во 12:00 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest