Kievo

Киево казнет парично и со одземање три бода

Рим, 14. септември 2018 (ИНПРЕС) – Поради финансиски малверзации, на фудбалскиот клуб Киево од Верона му се одземени три бода.

Покрај одземањето на бодовите, Киево заработи и глоба во износ од 200.000 евра, а претседателот Лука Кампедели добил тримесечна суспензија.Иако казната е голема, во клубот може да се радуваат бидејќи било барано на Киево да му бидат одземени 15 бода.

Казната на „летечките магариња“ им е определена бидејќи разменувале играчи со Чезена, потоа биле прикажувани лажни износи и на тој начин стекнале профит од 25 милиони евра.

извор: Макфакс фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest