eurovision-2019-israel-640x360

Евровизија во Тел Авив наместо во Ерусалим

Лондон, 14. септември 2018 (ИНПРЕС) – Шеесет и четвртото издание на изборот за песна Евровизија ќе се одржи во Тел Авив, наместо во Ерусалим, соопштија организаторите на музичкиот натпревар.

Како овогодишен победник на Евровизија, на Израел му припаѓа правото да биде домаќин на манифестацијата следната година. Израелските власти првично сакаа изборот на најдобра евровизиска песна да се одржи во Ерусалим, но по контроверзното признавање на градот како престолнина на Израел од страна на САД, властите се повлекле од таквите намери, пренесуваат светските медиуми.

Организаторите посочуваат дека Тел Авив е избран за домаќин на Евровизија, затоа што претставува „креативен и задоволувачки предлог“. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest