Aiseccccs

Отворена Меѓународната научна конференција за услужниот сектор INSCOSES 2018

Охрид, 10. септември 2018 (ИНПРЕС) – На Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, денес и утре ќе се одржи 14-та Меѓународна научна конференција за услужниот сектор INSCOSES 2018.

Целта на конференцијата е да се стимулираат отворени дискусии помеѓу експерти, практичари, истражувачи, научници и академијата за различни аспекти на развојот на услужниот сектор. Покрај домашни, учество ќе земат и еминентни личности од оваа област од Србија, Хрватска, Бугарија,Германија, Русија, Полска, Израел, САД и други земји.

Пред присутните денес се обрати и градоначалникот на Охрид проф. д-р Јован Стојаноски.

Учесниците можат да достават преглед и истражувачки трудови поврзани со главната тема на конференцијата и различните тематски области на конференцијата во врска со туризмот и угостителството, осигурување, царина и шпедиција и финансиски услуги. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest