dimitrovkajak

По дебатата, Димитров и Рот на веслање по Охридското Езеро (Фото)

Охрид, 14. септември 2018 (ИНПРЕС) – Првиот човек на македонската дипломатија Никола Димитров, во друштво на државниот министер за Европа при германското МНР Михаел Рот, кој денес беше во посета на Охрид, го искористи убавиот и сончев ден за веслање по езерото со германскиот колега.

Државниот министер Рот денес беше дел од интерактивната дебата „Македонија на патот на ЕУ“ одржана на Античкиот театар во Охрид во присуство на македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров, заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски.

Image may contain: 1 person, ocean, outdoor, water and nature

– Со германскиот министер за Европа, Михаел Рот, веславме по Охридското Езеро, напиша Димитров на неговиот профил на Facebook. (Крај)

извор: ИнПрес фото: Никола Димитров

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest