Lopetegi

Лопетеги против натпревари од Ла Лига да се играат во САД

Мадрид, 16. септември 2018 (ИНПРЕС) – Првата шпанска лига (Ла Лига) пред извесно време потпиша 15-годишен договор со медиумската компанија Релевент со цел на промоција на фудбалот и на своите брендови во странство, а пред се во САД каде е планирано да се игра и еден првенствен натпревар.

Токму тоа и се случи раководството на лигата во вторникот поднесе барање до Фудбалската федерација на Шпанија натпреварот Џирона – Барселона да се игра на 26.јануари во Мајами.

За овој натпревар да се одигра таму потребно е дозвола да дадат: Фудбаската федерација на Шпанија, Фудбалската федерација на САД, УЕФА и КОНКАКАФ.

На ова реагираше и тренерот на европскиот првак Реал Мадрид.

– Не сакам тоа да се случи. Тоа нема да придонесе за равноправност во натпреварувањето. Сите екипи би требало да играат на своите стадиони, изјави Жулиен Лопетеги.

Тој покрај тоа потенцираше дека со ваквата идеја се руши домашниот шампионат.

За понеделник е закажан состанок кога треба да се донесе и конечната одлука. На овој план за одигрување натпревар се противи здружението на шпанските фудбалери, а против идејата е и претседателот на Шпанската федерација Луис Рибијалес. (Крај)

извор: Спортклуб фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest