Со велосипедско дефиле одбележан Денот без автомобили во Охрид

Охрид, 20. септември 2019 (ИНПРЕС) – Под мотото „Исклучи го моторот-вози велосипед“ низ неколку охридски улици се одржа велосипедско дефиле, со што се одбележа Денот без автомобили, како дел од активностите за одбележување на Европската недела на мобилност.

Дефилето беше заокружено со награди за учесниците во настанот. Првата награда, велосипед ја освои Јован Петроски, тротинети добија Ахмет Пеџак, Филип Рајчевски и Филип Нешкоски. Ролерите  припаднаа на Марија Трпеска и Стефан Алексоски, кациги за велосипед добија Петар Стојаноски и Бојан Стојаноски, предно светло, Нина Ангеловска, Теодора Љатковска и Петар Симоноски, а задно светло Елена Аврамоска, Христијан Стефаноски и Христијан Груески.

Кај нас, а и во светот, се резервираат една или повеќе фреквентни сообраќајници за велосипедисти и пешаци. На тој начин се упатува силна порака дека со мудро одбирање на начинот на секојдневен транспорт, го заштедуваме домашниот буџет, го подобруваме нашето здравје, воедно ја заштитуваме животната средина и го намалуваме загадувањето од транспортот, а се што ни треба е подготвеност и волја одговорно да се однесуваме кон животната средина.

Во рамки на одбележување на Европската недела на мобилност, во Охрид беа пуштени во употреба девет нови локации за паркирање велосипеди.(Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес