ohridseptemvri181

Летото не се предава, прекрасен септемвриски викенд во Охрид (Фото)

Охрид, 15. септември 2018 (ИНПРЕС) – Иако сме на самата средина на месец септември, летото како да не се предава, и охриѓани, но и бројните гости, денес уживаат во прекрасното сонце во Охрид.

Кафе баровите и рестораните и денес солидно исполнети, а честа глетка по чаршијата и покрај кејот на езерото се и странските гости. Од нив, доминираат турските, но не помал број има и посетители од Холандија, Полска и соседните земји, Грција, Албанија и Србија.

ohridseptemvri182Метеоролозите за денес најавуваат сончево и топло време со мала до умерена облачност и максимална температура во Охрид до 27. степени. Додаваат дека и во наредните денови ќе продолжува периодот на стабилно, суво и релативно топло време. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest