eurabotilnica

Работилница за финансиска поддршка на ЕУ на локално ниво

Охрид, 17. септември 2018 (ИНПРЕС) – Во големата сала на општина Охрид, денес се одржа работилница за механизмите на финансиска поддршка на ЕУ „ЕУ за ТЕБЕ“, што ја организира делегацијата на унијата во Република Македонија.

Целта на средбата на која присуствуваше и градоначалникот на Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски, а презентација одржа  раководителот за соработка при Делегацијата на Европската Унија Никола Бертолини беше локалните власти, граѓански организации, асоцијации, земјоделци и бизнисмени подобро да се запознаат со актуелните можности  за финансирање на локално ниво.

Во своето излагање Бертолини посебен акцент стави на можностите за финансиска поддршка на локални проекти ИПА 1 и ИПА 2 во следните три години. Во рамки на работилницата присутните, кои беа во голем број, упатуваа прашања и ги запознаваа претставниците на Делегацијата на ЕУ со предизвиците и ограничувањата со кои се соочуваат на локално ниво.

Во рамките на настанот се одржа работна сесија со работни групи, а ќе бидат презентирани и заклучоците и резултатите од секоја група. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest