coxaoaknfold

Carl Cox и Paul Oakenfold се првите Dj-и во историјата кои имаа сет на Stonehenge

Лондон, 17. септември 2018 (ИНПРЕС) – Легендарните Dj-и Carl Cox и Paul Oakenfold се првите во историјата кои имале сет на Stonehenge.

Тие имаа настап пред одбрана публика од само 50 луѓе. Сетот го започна Oakenfold со посебен музички избор на изгрејсонце, пред да му се приклучи Cox, со кого имаа посебен b2b настап. Сетот на Oakenfold беше снимен и ќе биде издаден на алумот „Live At Stonehenge“.

Организатори на настанот беа Universe, кои стојат и зад Tribal Gathering festival. Сите приходи од настанот ќе бидат донирани на English Heritage.

– Јас сум многу среќен што можев да ја споделам мојата музика на едно вакво место, изјави Oakenfold пред настанот. „Енергијата на тоа место е како на ниту едно друго на светот, и тоа се одрази и на мојата музика и настан“.

Целокупниот настан беше првиот од „Origins“ серијалот на Universe, кој ќе биде составен од „музика, филм и перформанси со фантастична продукција“.

извор: djmag.com фото: djmag.com

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest