eko-galicica-slovenci

„Словенија над Охрид“ во поддршка на „Еко Галичица 2018“

Охрид, 19. септември 2018 (ИНПРЕС) – По втор пат годинава во организација на здружението „Алпа Алпина“ од Словенија, во Охрид престојуваа планинари од повеќе словенечки градови, а како одлични домаќини се покажаа членовите на Здружението за велосипедизам, планинарење и еко-култура „Зш Авантура“.

Гостите од Словенија ги посетија Магаро, Лако Сигној,Елен врв видиковецот Коринтски рид и Корита, рече претседателот на „Зш Авантура“, Жанко Голабоски.

eko galicica slovenci 2

eko galicica slovenci 4

eko galicica slovenci 3

– Меѓу планинарите имаше и планинари кои со планинарстово се занимаваат 30-40 години, некои од нив се дел од управниот одбор на Словенечкиот планинарски сојуз кој е еден од најбројните и најактивните на Балканот. Со оглед на тоа што 15-ти септември се одбележува како Светски ден на чистењете, гостите спровееоа акција за чистење во атарот на село Велестово, со што активно се вклучија во нашиот проект, истакна Голабоски.

eko galicica 5
Тадеа Рожман една од организаторите забележа напредок во однос на чистотата и заштитата на животната средина, изразувајќи поддршка на проектот „Еко Галичица 2018“.

– Јас бев тука и лани, се забележува голем напредок, велосипедските и планинарските патеки се во многу подобра состојба. Секако, треба уште да се работи, но и за ова што е направено огромна пофалба за организаторите на „Еко Галичица“, здружението „Зш Авантура“, потенцира Рожман.

Словенците беа презадоволни, останаа неколку дена, а освен планинарските тури, имаа разглед на градот и прошетка со брод до Св.Наум. Најавија дека позитивните впечатоци ќе ги пренесат на свои пријатели и догодина ќе дојдат во уште поголем број.

eko galicica opsta

Амбициозниот проек „Еко Галичица 2018“ продолжува со несмалено темпо и во наредниот период со еко патоли, едукација на населението и чистење на планината Галичица. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest