Турнир во баскет „3х3“ во Охрид

Охрид, 19. септември 2018 (ИНПРЕС) – Како дел од чествувањата на 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид, од ЈП „Билјанини извори“ започнуваат со нова традиција, организирање на турнир во баскет „3×3“.

– Турнирот ќе биде одлична можност за сите вљубеници во најпопуларниот спорт на планетата, со повеќе од 250 милиони играчи ширум светот, шанса за сите „баскетболџии“ од Охрид, Струга и пошироко, да покажат што научиле од илјадниците партии баскет. Сите заинтересирани треба да состават своја екипа 3+1 (играч), да пополнат апликација за учество и да уплатат котизација во висина од 3.000 денари по екипа, на жиро с-ка 530000200889310, „Охридска Банка“ – АД Охрид. Екипата која учествува на овој турнир од ЈП „Билјанини извори“ добива поставување на бесплатна реклама (името на спонзорот под кое настапува – банер 3 x 2 метри во Спортската сала за време на траењето на овој турнир. Натпреварите ќе се играат секој викенд (сабота и недела) во текот на октомври, а големото финале ќе се одржи на 7-ми Ноември. Натпреварите ќе започнуваат во 19:00 часот, а ќе се игра во систем по групи, по што ќе следи вкрстување и нокаут рунда. Учесниците на турнирот ќе бидат потврдени во текот на наредните денови, информираат од ЈП „Билјанини извори“.

Пријавувањето на екипите и подигнувањето на апликација може да се изврши на официјалната веб страна www.biljaniniizvori.mk или официјалната група на Facebookод 18.09. до 28.09.2018 година.

Организаторите додаваат дека за најуспешните три екипи се обезбедени вредни парични награди од страна на главниот покровител на настанот општина Охрид, организаторот на турнирот ЈП „Билјанини извори“ и собраните средства од котизацијата. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest