prisusuvanje

Британските тајни служби „упаднале“ во белгискиот телеком

Брисел, 20. септември 2018 (ИНПРЕС) –Британската служба за електронско разузнавање ГЦХК во текот на 2013 година извршила упад во мрежата на белгиската државна телекомуникациска компанија „Белгаком“, се тврди во таен извештај на Јавното обвинителство на Белгија доставен до белгиското Министерство за правда.

Како што јавија белгиските медиуми, кои објавуваат делови од извештајот, британските разузнавачи упаднале во системот на „Белгаком“ и со вирус ги инфицирале компјутерите на раководните лица на компанијата и на службениците задолжени за техничка поддршка и безбедност.

Според сознанијата на Обвинителството, упадот бил извршен преку платформата Линкедин.

Целиот текст прочитајте го ТУКА. (Крај)

извор: Плусинфо фото: Плусинфо

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest