FK-Lihnidos

ГФК „Охрид Лихнидос“ денеска игра против Лакочереј

Охрид, 23. септември 2018 (ИНПРЕС) – Фудбалерите на Градскиот клуб „Охрид Лихнидос“ денеска се пред нов предизвик.

Во рамки на петтото коло од Третата македонска фудбалска лига ќе се сретнат со екипата на Лакочереј.

Охридскиот градски клуб одлично се држи на лидерската позиција на табелата. Од четири одиграни натпревари го имаат максималниот учинок од 12 поени. Тимот на Лакочереј е на средината на табелата и моментално има 6 бодови.

Натпреварот меѓу Охрид Лихнидос и Лакочереј ќе се одигра на СРЦ „Билјанини извори“ со почеток во 15: 30 часот.

Во останатите натпревари од третата лига ќе се сретнат Кравари – Црно Буки, Лирија Заграчани – Октиси, Велешта – Сатеска, Лирија Грнчари – Караорман, Влазними – Новаци и Фламуртари – Преспа. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest