djnastydelux

Охридскиот DJ Nasty Deluxe со ремикс на песната „Passenger“ на Zinner & Orffee (Видео)

Охрид, 22. септември 2018 (ИНПРЕС) – Охриѓанецот Кристијан Нестороски, познат како DJ Nasty Deluxe ја продолжува соработката со со артистот Mathew Brabham.

Станува збор за ремиксот на песната „Passenger“ на Zinner & Orffee, кој треба официјално да се појави како сингл на 26-ти овој месец.

Артистот Orfee порано беше пoзнат како DjAne Miss Thunderpussy и во моментов работи во една од најпопуларните радио станици за електронска музика во Германија, популарното Sunshine Live радио.

Dj Nasty Deluxe има авторска емисија „Music for the soul“, која се емитува секој понеделник од 22:00 до 23:00 часот на Супер радио, најслушаната локална радио станица во регионот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest