????????????????????????????????????????????????????????????

„Теактер студио“ од Куманово гостува со претставата „Ајде уште по една за роденденот“

Струга, 24. септември 2018 (ИНПРЕС) – Утревечер во фоајето на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, „Теактер студио“ од Куманово, премиерно, ќе се претстави пред струшката публика со драмата „Ајде уште по една за роденденот“.

Станува збор за тешка психолошка драма, која има многу силна порака. Во неа играат четворица кумановци – студенти на Факултетот за визуелна уметности „ЕСРА“ Скопје, Матеј Стојковски, Никица Јанковски, Давид Илиќ и Мишо Димитривски, а режијата е на актерот Горан Илиќ.

pretstava struga

Ова е четвртата претстава на „Теактер студио“, преку кои студентите-актери од Куманово се презентираат пред публиката.

Почетокот на претставата е во 19:00 часот, а влезот ќе биде слободен. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest