Zbogar

Жбогар: 18 милиони евра од претпристапните фондови на ЕУ за поддршка на туризмот

Охрид, 25. септември 2018 (ИНПРЕС) – Охрид има искористено само четири милиони евра од европските фондови, а локалната самоуправа најавува формирање на т.н. проектна секција во рамки на општината во која ќе бидат ангажирани лица кои ќе работат на изработка на проекти со кои би аплицирале за добивање финансиски средства од европските фондови.

Ова го порача синоќа од Охрид Евроамбасадорот Самуел Жбогар, кој напомена дека околу 18 милиони евра од претпристапните фондови на ЕУ за поддршка на проекти во Македонија се наменети за развој и унапредување на туризмот. Тој додаде дека Европската унија години наназад ги поддржува сите проекти кои се во насока на развој на општеството и подобар живот за граѓаните.

– Заедништвото во Унијата значи меѓусебна солидарност на земјите, луѓето заеднички да се справуваат со проблемите, да изнаоѓаат решенија во полза на сите, да промовираат заеднички вредности, истакна Жбогар.

Тој истакна дека во Словенија, пред влезот во Унијата туризмот учествувал со 5 проценти во Бруто домашниот производ, а околу 4 проценти од населението било вработено во туристичкиот сектор. По влезот во Унијата, туризмот учествувал со 12 проценти во БДП, а во туристичката дејност работат 20 проценти од граѓаните.

Image may contain: 1 person, standing and ocean

Пред присутните зборуваше и градоначалникот на Охрид проф. д-р Јован Стојаноски кој најави дека следната година најголем дел од средствата од буџетот на општината ќе бидат насочени кон изработка на квалитетни проекти со кои ќе се аплицира во ЕУ фондовите.

– На последниот повик за „конкурентност на туризмот“ Охрид аплицираше со проектот за реконструкција на Кејот на Охридското Езеро, за кој е изготвен основен проект, добиено е конзерваторско решение и ја чекаме водостопанската согласност. Се надеваме дека во ноември ќе ги добиеме средствата, рече Стојаноски. (Крај)

извор: ИнПрес фото: Delegation of the European Union, Skopje

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest