policija6-640x360

При сеча на дрва, повреден жител на струшко Горно Татеши

Струга, 26. септември 2018 (ИНПРЕС) – Во  болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, во текот на вчерашниот ден, со повреди на главата бил донесен 44-годишниот Т.М. од струшкото село Горно Татеши.

– Додека сечел дрва со моторна пила на сопственото земјиште на место викано „Бегова земја-Рај“, му паднале гранки врз главата и се здобил со повреди. По укажаната помош тој бил задржан на лекување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest