tepacka1

Тепачка во Лескоец, повредено едно лице

Охрид, 28. септември 2018 (ИНПРЕС) – На 26-ти овој месец, во 19:45 часот на улицата „Рашанец“ во охридското село Лескоец, нарушен е јавниот ред и мир од страна на три лица.

– Лицата И.А. и К.Т. двајцата од селото Велгошти, физички го нападнале 35-годишнио Б.Ш. од истото село. По кратка меѓусебна расправија, двајцата почнале да го удираат Б.Ш. со тупаници по главата и телото по што, со автомобил заминале од местото на настанот. Од ударите Б.Ш. се здобил со видливи повреди. СВР Охрид презема мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest