facebook-640x360

Facebook хакиран, украдени податоци за повеќе од 50 милиони корисници

Вашингтон, 28. септември 2018 (ИНПРЕС) – Од седиштето на најголемата социјална мрежа на светот Facebook информираат дека биле на мета на голем хакерски напад и дека се загрозени личните профили на повеќе од 50 милиони лица од целиот свет.

Од компанијата признаваат дека поради поради т.н. „отворена врата“ во дел од кодот на социјалната мрежа, хакерите биле во можност да пристапат до најприватните информации за корисниците.

Проблемот е лоциран во алатката „view as“, која им овозможува на корисниците да видат како на другите им изгледаат нивните профили. Искористувајќи ја ранливоста во кодот на овој дел на Facebook, хакерите успеале да го украдат „access token“ кој всушност треба да ја гарантира заштитата на профилите на корисниците.

Од Facebook тврдат дека веќе започнале истрага и дека до овој момент не можат да кажат како дошло до инцидентот, а не посочија и кој се` бил погоден од нападот.

Додаваат дека е добро корисниците често да ги менуваат лозинките и да ги следат општите правила за сигурност на користење на мрежата. (Крај)

извор: www.independent.co.uk фото: www.independent.co.uk

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest