srcevmuskul-640x346

29-ти септември – Светски Ден на срцето

Охрид, 29. септември 2018 (ИНПРЕС) – Под мотото „Моето срце… Твоето срце“, Светската федерација за срце денес го одбележува Светскиот ден на срцето – 29-ти септември.

Како и секоја година, активностите се фокусирани кон една цел, да се инспирира популацијата и секој да си даде ветување на себе да го задржи своeто срце здраво: ветување кон кое луѓето можат да се придржуваат, ветувањe кон кое ќе пристапат индивидуално, ветување кое е насочено кон заедничка цел – здравјето на срцето е за секого, бидејќи секое отчукување на срцето е важно.

Според кампањата, секој треба да си го постави прашањето: Што можам да направам во овој момент за моето срце и за твоето срце?

– прекини со пушењето!
– користи скали!
– вежбај!
– оди со велосипед на работа!

Кардиоваскуларните болести, вклучувајќи ги срцевите болести и мозочниот удар се водечка светска причина за смртност која одзема 17,7 милиони животи секоја година и укажува на активностите што секоја личност може да ги преземе за превенција и контрола на КВБ. Дури 80 % од случаите на предвремена смрт можат да се избегнат ако се избегнуваат четирите главни ризик фактори – пушењето, нездравата исхрана, физичката неактивност и злоупотребата на алкохол.

ЈЗУ „Завод за превенција, лекување и рехабилитација на Кардиоваскуларни заболувања“ од Охрид и оваа година се вклучува во одбележувањето на Светскиот Ден на срцето.

– Оваа година, под покровителство на компанијата „Алкалоид“ АД од Скопје, одбележувањето на Светскиот Ден на срцето ќе се одржи на малку поинаков начин во однос на минатите години. По тој повод, објектот на Нашата установа, во понеделник, во периодот од 18:00 до 21:00 часот ќе биде осветлен во црвена боја, а лекарскиот тим  во тој период ќе дели брошури и совети кои се однесуваат на сите аспекти на превенција на срцевите заболувања кај здравата полулација и спречување на влошување на здравјето на срцето кај кардиолошките пациенти, информираат од Заводот. (Крај)

извор: ИнПрес/panacea.mk фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest