srcevmuskul-640x346

Охридскиот Кардиолошки Завод ќе до одбележи Светскиот Ден на срцето

Охрид, 1. октомври 2018 (ИНПРЕС) – ЈЗУ „Завод за превенција, лекување и рехабилитација на Кардиоваскуларни заболувања“ од Охрид и оваа година се вклучува во одбележувањето на Светскиот Ден на срцето, кој оваа година се одржува под мотото „Моето срце… Твоето срце“.

Годинешната порака се однесува на подигање на свеста за клучното прашање кое треба да биде пред нас – Што се можам да направам за подобра грижа и здравје на моето срце, твоето срце, сите наши срца? Прашање кое е поставено пред секој индивидуалец, здравствен работник и вклучен во креирање на здравствени политики.

– Оваа година, под покровителство на компанијата „Алкалоид“ АД од Скопје, одбележувањето на Светскиот Ден на срцето ќе се одржи на малку поинаков начин во однос на минатите години. По тој повод, објектот на Нашата установа, вечерва, во периодот од 18:00 до 21:00 часот ќе биде осветлен во црвена боја, а лекарскиот тим  во тој период ќе дели брошури и совети кои се однесуваат на сите аспекти на превенција на срцевите заболувања кај здравата полулација и спречување на влошување на здравјето на срцето кај кардиолошките пациенти, информираат од Заводот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest