Droga2-640x360

Пронајдена марихуана во возило при полициска акција на „Железничка“

Охрид, 2. октомври 2018 (ИНПРЕС) – Во акција реализирана утрово, СВР Охрид пронајде и одзеде торбица со опојна дрога марихуана и приведе еден македонски и пет албански државјани.

Торбицата е пронајдена во автомобил марка „Мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки управувано по булеварот „Железничка“ во Охрид  од В.В. (55) од Гевгелија.

Droga1

Акцијата, во која се пронајдени и одземени и други предмети, е реализирана поради постоење основи на сомнение дека сега приведените, се сторители на казненото дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотички дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Пронајдената торбица со марихуана и останатите предемти, се испратени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

СВР Охрид дополнително презема и други мерки за целосно документирање и расветлување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: СВР Охрид

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest