zaboravenite-kukli

Детска претстава „Заборавените кукли“ во Центарот за култура „Григор Прличев“

Охрид, 2. октомври 2018 (ИНПРЕС) – Утре во охридскиот Центар за култура „Григор Прличев“ ќе биде изведена детската претстава „Заборавените кукли“.

Во светот на децата ништо не е несовладливо, сè е возможно и ништо не е далеку, а непознатото е создадено за откривање; и сето тоа со единственото најсилно оружје на светот -детската имагинација. Е, тука настапува театарот и токму оттука се раѓа оваа претстава.

– Оваа театарска претстава, навраќа на неверојатни доживувања просто населувајќи го секого во детството: игрите коишто некогаш се играле, а сега се заборавени, зошто децата „комуницираат” на еден „антисоцијален” начин кој оттуѓува од дружењето и прави самодоволност во користењето на таблети, телефони, он-лајн игри, односно виртуелен свет чија карактеристика е себичноста, наспроти универзалната вистина за другарувањето и несебичната љубов со која преку вистинска игра ќе го пресоздаваат светот одново, стои во најавата за претставата.

Авторка на текстот е Билјана Крајчевска, дипломиран наставник и  драматург во НУ Народен театар Битола.
Во претставата играат: три дипломирани актерки од НУ Народен театар Битола: Викторија Степановска – Јанкуловска, Илина Чоревска и Маја Андоновска – Илијевски.

Влезот е слободен, а местата се ограничени. Претставата ќе се одигра во Центарот за култура со почеток во 11:00 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest