centar_za_kultura-640x360

Центарот за култура и Народниот театар Охрид го објавија репертоарот за месец октомври

Охрид, 2. октомври 2018 (ИНПРЕС) – Центарот за култура „Григор Прличев“ и Народниот театар Охрид го објавија репертоарот, односно распоредот на настани кои ќе се случуваат тековниов месец.

Предвидени се претстави, фестивали, концерти, изложби.

Веќе за утре е најавена детската претстава „Заборавените кукли“, по што во петок, 5-тиоктомври ќе се одржи фестивалот „Поточиња“.

programa ck oktomvri

Во два наврати на репертоарот ќе биде театарската импровизација „Импровокација“, потоа претставата „Стаклена менажерија“ во изведба на актерите од Народен театар Охрид.

Во театарскиот дел се предвидени гостувања на Интимен театар од Битола и Буден театар од Скопје.

Од охридскиот народен театар за почетокот на ноември ја најавуваат премиерата на театарската претстава „Гронхолм метод“ од Жорди Галцеран, во режија на Ирена Стеријовска. (Крај)

извор: ИнПрес фото архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest