policija6-640x360

Кривична за жител на Долно Коњско поради спречување на полицаец во вршење на службата

Охрид, 3. октомври 2018 (ИНПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 40-годишниот Н.Т. од охридското село Долно Коњско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.

– На 10-ти септември оваа година, во селото Долно Коњско, пријавениот, при преземање на службени дејствија од полициски службеници по претходно нарушување на јавен ред и мир со тепачка, го одзел и оштетил записникот за констатиран прекршок, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest