vrabotuvanje

Саем за вработување и пазар на идеи утре во Охрид

Охрид, 4. октомври 2018 (ИДПРЕС) – Утре во Охрид ќе се одржи првиот Саем за вработување и пазар на идеи, во организација на општина Охрид и Друштвото за производство трговија и услуги „О3 Инвест“ од Скопје.

Работодавачите ќе имаат можност лице во лице да се запознаат со барателите на работа, да се поврзат со други работодавачи, како и да ја промовираат компанијата.

Се очекува присуство од голем број на работодавачи, како и студенти кои се на крај од своите студии. Посетителите ќе бидат запознаени со начинот на работење на компаниите и условите што ги нудат кандидатите за вработување или за практиканска работа.

Саемот е бесплатен, а ќе се одржува во периодот од 12:00 до 15:00 часот, во непосредна близина на ТЦ „Амам“. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest