perestrmec-640x359

Објавена книга со хаику поезија „Стрмец во хаику скротен“ од Пере Ристески

Охрид, 4. октомври 2018 (ИНПРЕС) – Деновиве излезе од печат најновата книга со хаику поезија „Стрмец во хаику скротен“ на авторот Пере Ристески.

Во книгата се поместени 70-тина хаику песни, кои тематски се поврзани со ветрот стрмец, карактеристичен за охридскиот регион.

Издавањето на книгата е помогнато од Општина Охрид, во издание на „ПНВ публикации“ од Скопје.

– Авторот на книгата е вистински хаику мајстор, кој ги води читателите низ тајните на хаикуто, експериментирајќи со него, модернизирајќи го и доближувајќи го културолошки до читателот, велат од издавачката куќа.

Пере Ристески е автор на девет книги поезија, од кои пет со хаику поезија. Неговата поезија е преведена на голем број јазици и редовно се објавува во книжевни списанија во Европа и светот. Добитник е на значајни интернационални признанија, дипломи и пофалници. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest