Missing image

Кочанчанец физички нападнат од сограѓанин

Кочани, 4. октомври 2014 (ИНПРЕС) – Синоќа во Кочани на ул.„Страшо Пинџур“ З.З.(38) од Кочани со тупаници го удрил по лицето Љ.К.(59) од Кочани, по што нападнатиот паднал на работ од тротоарот и се здобил со повреди на главата.

Лицето е пренесено во Здравствен дом Кочани за укажување на лекарска помош, а поради сериозноста на повредите  е пренесен на Клиника за неурологија, Клинички центар Скопје. (Крај)

извор: МВР фото: архива