pestani-640x360

Ќе се изработува стратегијата за рурален развој 2019-2025 година

Охрид, 4. октомври 2018 (ИНПРЕС) – Имајќи во вид дека на крајот на 2018-та година изминува важноста на „Подстратегија за рурален развој на Општина Охрид 2014 – 2018“, се наметнува потребата од реализација на нови активности во насока на дефинирање на најважните насоки потребни за успешен рурален развој на општината во идниот период, информираат од општина Охрид.

Основна цел на овој документ ќе биде создавање на компететивни предности на руралните области во општината, кои ќе ги одржат постоечките позитивни вредности и истовремено ќе креираат нови можности. Од особена важност во развојот на овој процес претставува директната вклученост на општината во планирањето на руралниот развој, во кој игра водечка, координативна и промотивна улога.

Овој Документ има задача следејќи ги насоките и европските трендови, аргументирано да го насочи руралниот развој како еден од врвните приоритети за Охридскиот микро регион. Истовремено со ставање во функција на севкупните потенцијали на Општина Охрид да придонесе кон забрзан развој, намалувањето на миграцијата, нови работни места и креирање на иницијативи за одржлив социо-економски развој со зачувување и унапредување на животната средина.

Основните цели на овој стратешки документ за рурален развој ќе бидат:

  1. Идентификување на концептот, насоките и приоритетите за рурален развој,
  2. Намалување на разликите во степенот на развојот на урбаниот и руралниот дел на Општина Охрид, поттикнување на претприемништво, искористување на можностите за аплицирање на проекти за рурален развој, економски иницијативи за одржлив развој, развој на земјоделието  и диверзификација на економските активности со цел создавање услови за креирање на приходи (основни или дополнителни) за локалното население од руралните делови на Општина Охрид.
  3. Поставување на рамка за поттикнување на руралниот развој, и посебно руралниот туризам  како дел од севкупната туристичка понуда на Општина Охрид

Со цел да се обезбедат веродостојни и корисни резултати, а воедно и за да се изготват квалитетни решенија и предлози, за потребите на оваа Стратегија, ќе се  користат стандардни и иновативни методологии и процедури кои се општо прифатени во меѓународната практика за планирање и изготвување на стратешки документи  од ваков тип.

За изработка на Стратегијата за рурален развој 2019-2025 на Општина Охрид,  ќе се применуваат методолошки алатки кои во основа  го користат принципот на вклучување на сите релевантни засегнати страни при анализирањето на потенцијалите и ресурсите  од Охридскиот Регион за рурален развој, како и идентификување и утврдување на стратешките цели и приоритети во 6 тематски области и тоа:

  • Инфраструктура
  1. Туризам и Локален Економски Развој
  2. Урбанизам и Животна Средина
  3. Земјоделство и Сточарство
  • Образование и Здравство

Руралните населби во Општина Охрид ќе бидат поделени во три функционални групи врз основа на претходни согледувања на географската местоположба и природните потенцијали на селата. Руралните населби  имаат свои различни специфики и проблеми, како  и свои компаративни предности. Се разбира селата кои се лоцирани во непосредна близина на Охридското Езеро или градот Охрид имаат сосема различни проблеми и интереси за разлика од планинските села на Општина Охрид.

Руралните населби се групирани во следните три функционални групи:

  1. Источно крајбрежни населби,
  2. Централно низински населби,
  3. Планински населби (или некогашната Општина Косел)

Секторот за ТЛЕР како главен носител на активностите за изработка на Стратегијата навремено при анализирањето на потенцијалите и ресурсите  и дефинирањето на идните развојни цели, приоритети и прооекти од Охридскиот Регион, ќе ги информира и активно ќе ги повика да се вклучат сите релевантни засегнати страни за рурален развој, пред се представниците на месните заедници, граѓанскиот сектор, приватниот сектор, јавните институции и претпријатија. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest