semafor

Доделени наградите на најдобрите на „Детски семафор“

Охрид, 4. октомври 2018 (ИНПРЕС) – Градоначалникот на Охрид проф. д-р Јован Стојаноски и претседателот на Општинскиот совет  за безбедност во сообраќајот, Стефан Димоски, денеска ги доделија наградите на  најдобрите ученици на сообраќајно-едукативната манифестација „Детски семафор“.

Нaјдобрите и првопласирани ученици во машка и женска категорија од ОУ „Кочо Рацин“ Виктор Јованоски и Мартина Јосифоска, добија велосипед додека Владимир  Јованоски и Марија Ѓореска добија заштитен шлем-кацига. Давор Петрески и Давор Петрески од ОУ „Григор Прличев“ се добитници на заштитен шлем-кацига. Екипата на школото „Кочо Рацин“ како најдобро пласирана, учествуваше на државниот натпревар „Детски семафор“ што се одржа во Скопје.

На пригодното денешно доделување на наградите, градоначалникот Стојаноски им ги честита наградите на најдобрите и на покажаното знаење на „Детски семафор“, им посака и понатаму посветено и неуморно да освојуваат нови знаења и нови  победи и посебно во сообраќајот да бидат внимателни учесници и позитивен пример за соучениците за одговорно учество со почитување на сообраќајните правила и  прописи.

На најдобрите во „Детски семафор“ им честиташе и Стефан Димоски – претседател на ОСБСП Охрид кој рече дека целта на општинската сообраќајно-воспитна манифестација е едукација и издигнување на сообраќајно- техничката култура кај младите, запознавање со сообраќајните правила и прописи  и подобрување на безбедноста на сообраќајот.

По одржаната сообраќајно воспитна манифестација „Детски семафор“ и попрегледувањето на резултатите од писмениот дел (полагање сообраќајни тестови) и  практичниот дел (вешто возење велосипед), комисијата, ги донесе следниве резултати во машка и женска конкуренција за освоени први, втори и трети места  поединечно како и пласман-освоени места во групна конкуренција.

– Прво место машки Виктор Јованоски 88 бода
– Второ место машки Владимир Јованоски 84 бода
– Трето место машки Давор Петрески 81 бода

– Прво место женски Мартина Јосифоска 81 бода
– Второ место женски Марија Ѓореска 81 бода
– Трето место женски Стефанија Битолкоска 77 бода

Екипно:
– Прво место ОУ „Кочо Рацин“398 бода
– Второ место ОУ „Григор Прличев“ 295 бода
– Трето место ОУ „Ванчо Николески“ 221 бода

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest