avtopatkicevoohrid2

Анѓушев и Китанов на увид во градежните работи на автопатот Кичево – Охрид

Охрид/Кичево, 5. октомври 2018 (ИНПРЕС) – Вицепремиерот Кочо Анѓушев и првиот човек на ЈП за државни патишта Зоран Китанов денеска ќе извршат увид во градежните работи на автопатот Кичево – Охрид.

На почетокот на септември Владата усвои Предлог-закон за нов анекс на Договорот за изградбата на автопатската делница со кинески „Синохидро“.

Со анексот се овозможува ослободување на 205 милиони евра од претходно обезбедените финансии за проектот, со што ќе се интензивираат градежните активности на терен и ќе се овозможи исплата на домашните компании ангажирани како подизведувачи.

Тогаш беше најавено дека со нов анекс, ќе бидат утврдени цените за дополнителните градежни работи неопходни за одблокирање на проектот што беше во застој поради проблеми со проектната документација, несоодветни геомеханички испитувања, нерешена експропријација на земјиштето.

Со првичниот договор постигнат со кинеската компанија Синохидро изградбата на автопатот требаше да чини 374 милиони евра, а автопатот требаше да биде завршен во јануари годинава. 2018.Но, поради пропусти во трасирањето, рокот е пролонгиран. Собранието на Република Македонија во месец април го поддржа Предлог-законот за пролонгирање на изградбата на делницата Кичево-Охрид за три и пол години, па сега новиот краен рок за комплетирање на автопатската делница е 30-ти јуни 2021 година. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest