gjoko-apostolov

Апостолов: Преку саемите да се воспостави пракса на вмрежување меѓу компаниите и барателите на работа

Охрид, 5. октомври 2018 (ИНПРЕС) – Работодавачите и барателите на работа се собраа на едно место на првиот саем за вработување во организација на општина Охрид.

Очекувано, најголем интерес за претставување пројавија фирми од туристичкиот сектор, хотели, ресторани и туристички агенции како и производствени фирми од Охрид.

saem za vrabotuvanje 1
Невработени лица и студенти ја искористија можноста и доставуваа CV со надеж дека ќе најдат вработување.
Саемот е дел од програмата на одделението за локален економски развој и претставува еден модел на поврзување на стопанствениците со потенцијалните работници, односно луѓето кои бараат работа. Моделот е доста практичен бидејќи се применува во сите средини, рече раководителот на Секторот за туризам и локален економски развој, Ѓоко Апостолов.

saem za vrabotuvanje 2

– Пред да го организираме настанов извршивме истражување на локалното стопанство, да видиме со какви проблеми во однос на вработувањата се соочуваат фирмите, односно дали имаат потреба од нови работници. Исто така во соработка со Агенција за вработување бевме во комуникација што повеќе лица кои се водат на листата како невработени да бидат информирани и поканети на овој настан. Сите присутни компании кои се тука имаат реална потреба од вработувања, рече Апостолов.

Целта е преку ваквите саеми да се воспостави една пракса на директен контакт на вмрежување меѓу компаниите и барателите на работа. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest