vancocorner

Јованоски: Радиото е „заразно“, се запознавме на 10-годишна возраст и уште ме држи таа „зараза“

Охрид, 5. октомври 2018 (ИНПРЕС) – Се сеќавате на него како на Dj Ванчо, Dj Jovanotti, гласот од Радио Охрид, од Уно Форте и Супер радио и како зад грамофоните на најпознатите подиуми во Охрид – Палас, Славија, Метропол, Парк, Градиште, Мажестик…

Ванчо Јованоски aka Dj Jovanotti деновиве повторно се враќа зад микс пултот, но и зад радискиот микрофон. После „Комши пази музика“ и многу други незаборавни охридски радио проекти, наскоро започнува со нов проект, како дел од новата програмска шема на Супер радио, најслушаната локална радио станица во државата. За музиката, радиото, водителството и многу други теми, Ванчо беше денешен гостин во емисијата „Радио Корнер“ на Супер радио.

Image may contain: one or more people, people sitting and indoor

Супер радио: Во диџејските води се вративте неодамна, а сега се враќате и кон радио водителството. Какви се деталите околу Вашата нова емисија со која се враќате повторно на Супер радио?

Јованоски: По моето враќање во диџејските води, од следната сабота ќе стартувам со мое радио шоу, кое се вика „Vanco Play“, а ќе се емитува на Супер радио од 11:00 до 13:00 часот. Самиот слоган кој го избрав за емисијата кажува дека во фокусот ќе биде музиката, а оној водителскиот дел ќе оди сосема спонтано. Најпросто кажано тоа ќе биде опуштена и релаксирана емисија во која во најголем ќе пуштам музика од плочи, но ќе внимавам тоа де не е музика која веќе е застапена на радиото. Ќе зборуваме за актуелните теми и настани во градот кои се случиле или ќе се случат. Сето тоа многу опуштено и без некоја однапред подготвена шема, спонтаноста е таа која ќе ме води и мене и самата емисија.

vancodjСупер радио: Колку години не сте имале емисија во живо?

Јованоски: Знаете дека јас сум „радио-активен“ цел живот, но сепак емисија во живо не сум водел цели 18 години. Иако поминаат толку години, не би рекол дека имам трема. И кога се вратив во диџејските води сите мислеа дека ќе имам трема, но сепак се` си помина во најдобар ред. Кога се работи за радиото и музиката немам никаков проблем.

Супер радио: Вие сте совршен пример за тоа дека енеријата која ја носи радиото е незаменлива и дека таа најчесто трае цел живот, еднаш водител, секогаш восител. Кога за прв пат „влеговте“ во магијата наречена радиски етер?

Јованоски: Радиото е „заразно“. Јас прв пат се запознав со него на своја 10 годишна возраст преку младинските емисии во „Радио Охрид“ и еве до ден денес се` уште ме држи таа „зараза“. Добив покана од Сашо Митаноски да се вратам на радио водителството, и ја прифатив со задоволство.

Image may contain: 2 people, eyeglasses

Супер радио: Зад Вас стои огромно искуство во радио водителството. Што е она што еден радио водител го прави добар или лош?

Јованоски: Според мене две работи го прават еден радио водител лош, а тоа се лошата дикција и лошиот тон на гласот. Обратно пак, добрите радио водители се оние со оние кои имаат иницијатива и желба.

Супер радио: Бидејќи долг период од Вашиот живот бевте позади диџејскиот пулт во најпопуларните места за излегување во Охрид, охриѓани Ве пропознаваат и под името Jovanotti. Би можеле ли да ни направите една паралела на ноќниот живот пред 20-тина години и сега?

Јованоски: Прво морам да кажам дека псевдонимот Jovanotti ми е наметнат од моите колеги, радио водители. Во тоа време многу популарен беше италијанецот Jovanotti, па колегите инспирирани од моето презиме Јованоски, некако ми го „залепија“ псеводониот. Но, ова мое повторно враќање и во диџејството и во радиските води го правам со моето вистинско име Ванчо. Околу ноќниот живот некогаш и сега, најкратко би рекол дека тогаш најважно беше кога ќе излезеш во диско да се изнаиграш, а денес најважни се социјалните мрежи, сите како да се хипнотизирани од виртуелната слика што се покажува преку нив. Сега гостите во локалите се преокупирани со тоа дали некој им пишал меил, порака, колку ллајкови добиле итн. Денес како луѓето повеќе да уживаат во социјалните мрежи, отколку во добрата музика. Подобра, поквалитетна и поздрава беше некогашната музика, во споредба со денешнава. Да не ме разберете погрешно, јас во своите сетови знам да „свртам“ и house музика, но генерално земено голем дел од електронската сцена која денес е најактуелна за мене е вештачка со чудни звуци кои не допираат до мене.

bistrocorner1

Емисијата „Радио Корнер“ се емитува секој работен ден од 12:00 до 14:00 во живо од Bistro Corner. Водител е Александра Алексијевска. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest