humanitarnaakcijadensrceto

Со хуманитарен настан ќе се одбележи Светскиот ден на срцето

Охрид, 7. октомври 2018 (ИНПРЕС) – Продолжуваат активностите за прослава на Светскиот ден на срцето.

Во понеделникот, охридскиот „Кардиолошки Завод“ беше обоен во црвено, со што медицинскиот тим на установата испрати јасна порака за подигање на свеста за подобра грижа за здравјето на срцето, дотолку повеќе што кардиоваскуларните заболувања и натаму се причина број еден за смртност кај нас и во светот.

Активностите по повод Светскиот ден на срцето, кој годинава се одбележува под мотото „Моето срце… Твоето срце“, ќе завршат со хуманитарен настан, кој ќе се одржи денес, со почеток во 12:00 часот во кафе бар „Објектиф“ во Охрид.

Собраните средства ќе се наменат за Фондот за деца со здравствени проблеми од семејства кои се под социјален ризик. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest