ohridoktomvri20181

Охрид меѓу седумте најевтини европски дестинации за одмор

Охрид, 7. октомври 2018 (ОХРИДПРЕС) – Страницата за пребарување сместување во хотели Trivago направи истражување за да открие кои се најевтините дестинации низ Европа за кои можеби не сте знаеле дека се скриени богатства за туристи.

Порталот Кајгана јавува дека меѓу седумте градови што ги препорачува сајтот како најекономични дестинации за патување се најде и нашиот Охрид, што на листата се опишува како „градот покрај едно од најубавите езера во регионот. Познат по преубавата природа, гастрономска понуда и добри забави, градот кој го носи епитетот Балкански Ерусалим вреди да го посетите. Ако сакате дополнително да заштедите, посетете го на пролет, во март.“

За македонските туристи, на понуда остануваат останатите шест европски дестинации: Будимпешта (Унгарија), Рига (Латвија), Гранада (Шпанија), Варшава (Полска), Атина (Грција) и Бохињ (Словенија). (Крај)

извор: Кајгана фото: ИнПрес

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest